Политика за колачиња
Cookies policy

Технологијата поврзана со колачиња се користи за анализирање на трендовите, следење на активноста на посетителите на страницата и овозможување персонализирана промотивна активност. Оваа страница ја објаснува политиката за користење колачиња и нивната технологија на страницата https://lussuria.mk на компанијата РУБИО ДОО.

Кога ќе ја посетите нашата страница за прв пат, ќе се појави pop-up прозорец со информации за употребата на колачиња, и со кликнување на копчето Прифаќам изјавувате дека разбирате и се согласувате со употребата на колачиња објаснети во нашата Политика за колачиња, после што се затвора pop-up прозорецот. Прифаќањето на колачиња не е задолжително и употребата на колачиња може да се откаже во секое време. Поставување и отстранување колачиња може да се направи во поставките на вашиот прелистувач поврзани со колачиња. Отстранувањето на некои колачиња може да доведе до делумно изменето функционирање на онлајн системот.

Што се дигитални колачиња?

Колачињата се мали текстуални датотеки, парчиња код, кои се чуваат во вашиот прелистувач кога ја посетувате нашата страница. На следните посети, врз основа на овие датотеки, нашата страница го препознава вашиот пребарувач и ја прилагодува страницата според вашите желби од претходните активности со цел да имате најдобро можно искуство. Колачињата не се во можност да пристапат до вашиот компјутер и лични датотеки, целата активност завршува во вашиот прелистувач и тие се буквално безопасни за вас. 

Колачињата поставени од нашата страница се нарекуваат first-party cookies, а колачињата поставени од нашите партнери овластени за маркетинг активности се нарекуваат third-party cookies. Овие колачиња не се под наша контрола и се користат главно за маркетинг и прилагодени рекламни цели, така што можете да прочитате повеќе за нив во Политиките за колачиња на овие компании.

Зошто се користат колачиња?

Колачињата служат за подобро разбирање на преференциите на посетителите на веб-страниците. Ова се случува врз основа на претходните активности на посетителите, и сите активности на посетителите на нашата страница поминуваат низ алгоритам за разбирање и подоцна самата страница автоматски се прилагодува на желбите на корисниците без разлика дали се работи за презентација на содржина или маркетинг понуди за посетители. Иако колачињата се ставаат во прелистувачите на сите уреди, тие не собираат лични податоци за посетителите.

Кои колачиња се наоѓаат на нашата страница?

Неопходни колачиња [necessary cookies] – и помагаат на веб-страницата да функционира правилно. Без нив, страниците не би можеле да извршуваат некои основни функции

Претпочитани колачиња [preference cookies] – и овозможуваат на страницата да запамти некои основни информации за вас и така да го прилагоди изгледот на самата страница.

Статистички колачиња [statistical cookies] – помагаат да се разбере на кој начин посетителите комуницираат со самата страница, преку анонимно собирање на информации и податоци

Маркетинг колачиња [marketing cookies] – служат за да се прати активноста на посетителите по самата страница и на таа основа да се покажуваат реклами прилагодени на нивниот вкус.

Колачиња на перформанси [performance cookies] – ovi kolačići prepoznaju da se posetioc vratio na stranicu i sadrže bazične informacije o posetiocu, poput lokacije. Ovi kolalići nisu neophodni ne utiču značajno na iskustvo koristnika.

Колачиња на социјалните медиуми [social media cookies] – тие помагаат да се интегрира маркетинг функционалноста на социјалните мрежи на страницата и се користат исклучиво за промотивни цели. Овие колачиња генерално вклучуваат колачиња од трети страни врз кои немаме контрола, и ако сте загрижени за вашата безбедност, ве советуваме да ја прочитате политиката за колачиња на социјалните медиуми.

Како се контролираат колачињата?

Во секое време, во поставките на прелистувачот, можете да поставите делумно или целосно прифаќање на колачињата, како и да ги видите видовите колачиња и имињата на компаниите чии колачиња се користат на страницата што ја посетивте. На линковите подолу, можете да најдете повеќе информации за контрола на колачиња на најпопуларните пребарувачи во светот:

Microsoft Internet Explorer:
https://support.microsoft.com/en-gb/help/17442/windows-internet-explorer-delete-manage-cookies
Google Chrome:
https://support.google.com/chrome/answer/95647?co=GENIE.Platform%3DDesktop&hl=en
Mozilla Firefox:
https://support.mozilla.org/en-US/kb/enable-and-disable-cookies-website-preferences
Apple Safari:
https://support.apple.com/kb/PH21411?locale=en_US

Дали колачињата се добиваат преку мејл?

Промотивните мејлови, доколку се испратат, содржат колачиња кои даваат повратни информации дали е отворена поштата и дали е кликната врска. Овие колачиња се користат само за аналитички цели и не се чуваат во прелистувачот на посетителите.

Пиксел технологија (Web Beacon)

Освен колачиња, се користи и т.н Пиксел технологија со цел подобро да се следи активноста на секој посетител на веб -страницата. Пикселот за следење (tracking pixel) овозможува да се препознаете движењето на самата страница, како и движењето помеѓу страниците од онлајн продавницата до социјалните мрежи и назад, како и активностите што се случуваат во овие промени од страница до страница.